| ЗА МДИ |
| Краток осврт
Институтот за медиуми и различности ( МДИ ) е непрофитна , непристрасна организација што ја користи моќта на медиумите за намалување на конфликтите помеѓу различните групи , унапредување на малцинските и човековите права и обезбедување на поголемо разбирање од страна на јавноста за сите видови на општествена различност . Нејзиното седиште е во Лондон , а има канцеларии и во Ерменија , Азербејџан и Грузија .
МДИ се фокусира врз регионите каде медиумите одиграле деструктивна улога во влошувањето на етничките и верските конфликти и непочитување на човековите и малцинските права .
МДИ соработува со медиумски организации , новинари , предавачи по новинарство , невладини организации и влади со цел да спречи конфликти и да овозможи помирување , промовира толеранција спрема загрозените групи и стимулира избалансирано и непристрасно новинарство .
МДИ промовира највисоки стандарди на професионално новинарство во однос на известувањето за различностите . За таа цел институтот создава и применува разни алатки , методи за обука и практични репортерски иницијативи . |
Различноста и медиумите
Луѓето се соочуваат со многу видови различности : во поглед на расата , етничкото потекло , физичките способности , сексуалната ориентација , верските убедувања , доходот , образованието итн . Различностите можат да претставуваат инспирација за креативност , социјален и економски напредок , динамични заедници и богатство на живеењето . Сепак , различностите често предивикуваат и недоверба , страв , дискриминација , угнетување и насилни конфликти .
Новинарите и медиумските организации има уникатна моќ да влијаат врз начинот на кој ние ја доживуваме различноста . Преку нивното делување тие можат да помогнат сите групи во општеството да добијат можност да бидат видени и чуени . Тие можат да ги зацврстат или намалат стереотипите , преку мултидимензионално или крајно поедноставено претставување на различните етнички , расни и верски заедници . Можат да ги влошат социјалните тензии и конфликти – или да дефинираат области кои ќе претставуваат некаква заедничка основа .
Но , премногу често медиумите ги зголемуваат недоразбирањата и поделбите помеѓу одделните групи . Во минатата деценија медиумите често беа користени за да ги поделат заедниците против самите себе , за поттикнување на омраза кон малцинските групи и за директно промовирање на масовно насилство . Од Србија до Руанда и подалеку , контролата врз медиумите стана едно од најмоќните оружја во арсеналот на најекстремните политички движења .
|
Цели и методи на МДИ
Крајна цел на МДИ е да ги промени доминантните негативни ставови кон загрозените групи и малцинските групи од секаков вид .
Наша примарна програмска цел е промовирање на праведно , точно , продлабочено и благонаклоно медиумско известување за темите поврзани со различноста , како нужен чекор во процесот на зајакнување на човековите и малцинските права и промовирање на разбирање помеѓу разните општествени групи . Таквото медиумско известување може да има клучна улога во намалувањето на ирационалните предрасуди , непоттикнувањето на конфликтите и спротивставувањето на екстремистичките политички програми . Таквото медиумско известување може да биде клучно во спречувањето на ескалацијата на етничките , националистичките и религиозните конфликти .
МДИ претежно работи во општества каде со децении доминирала една партија , етничка група или религија . Во земји како Израел , Нигерија , Романија или Србија , да бидеш надвор од доминантната група речиси автоматски значи и причина да те сметаат за сомнителен или за закана . На сличен начин , денес во поголем дел од Европа Ромите с ¢ уште во голема мерка се сметаат за раса од втор ред , која не заслужува да има еднаков статус со доминантните групи . Во Романија , законот што ја регулира хомосексуалноста с ¢ до неодамна беше толку неодреден што јавната дискусија на таа тема потенцијално беше казнива со казна затвор . Кога постои слобода на печатот , медиумите имаат огромен потенцијал да помогнат во промената на ставовите во таквите општества .
Потпирајќи се врз обемни истражувања и професионалното медиумско искуство , МДИ соработува со локалните партнерски организации за да создаде најадекватни алатки , обука и практични новинарски програми чија цел е да се подобри известувањето и медиумската различност во секое подрачје . Новинарските проекти кои вклучуваат повеќе етнички групи , медиумската обука за малцинските НВО , наставните програми за известување за различностите наменети за школите по новинарство , како и другите активности и иницијативи на МДИ сведочат за практичниот пристап на МДИ кон создавањето како на непосредни така и на долгорочни промени .
|
| Некои од успесите на МДИ |
| |
Во Романија , со помош на обуката и поддршката добиена од МДИ , Центарот за независно новинарство стана клучен партнер во сите дебати посветени на малцинските права организирани од страна на владата . |
| |
Во Босна , сараевскиот Медиумски центар ги користи идеите и материјалите на МДИ за да создаде сапунска опера што ќе промовира разбирање и прифаќање на “ другите ”.
|
| |
Во Србија , новинската агенција Бета произведе и дистрибуираше над 70 текстови посветени на известување за различностите , напишани од 15 дописници од цела Југоисточна Европа , и го убеди Министерството за етнички и национални малцинства да поддржи специјален вебсајт посветен на малцинските прашања . |
| |
Работилницата на МДИ посветена на развој на наставни програми за “ Известување за различностите ”, организирана во соработка со Централно - европскиот универзитет со седиште во Будимпешта , доведе до воведување на курсеви по Известување за различностите на факултетите и школите за новинарство во следните институции : Загрепскиот универзитет , Хрватска ; Тиранскиот универзитет , Албанија ; Сараевскиот универзитет , Босна ; Софискиот универзитет , Бугарија ; Универзитетот во Букурешт , Романија и Школата за новинарство во Нови Сад , Србија . |
| |
Ширум Југоисточна Европа , Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа соработуваше со МДИ врз создавање на програми за “ обука на обучувачите ” за известување за различностите . |
| |
Во Јужна Африка , директорот на Албанскиот медиумски институт води курсеви за Известување за различностите засновани врз наставните програми и материјали за обука создадени од МДИ . |
| |
Во Канада , специјалниот постдипломски курс по Известување за различностите на Универзитетот во Торонто претставуваше инспирација за низа трудови посветени на известувањето за теми поврзани со различноста во Централна и Источна Европа , главно фокусирани врз прашања поврзани со етничките малцинства |
Донатори на МДИ
МДИ е финансиран од Европската комисија , Министерството за надворешни работи на Холандија , Институтот Отворено општество , Трустот “ Сигрид Раусинг ”, Министерството за меѓународен развој на Велика Британија ( ДФИД ), Ôîíäàöè¼à Åâðîàçè¼à, Советот на Европа , Фридом форум , ИРЕКС , Вестминстерската фондација за демократија и Европската културна фондација. |
|