back to home page
back
 
ЗА МДИ
ПРОГРАМИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА


На Ромите да се гледа без предрасуди 

Регион:
Албанија , Босна и Херцеговина , Македонија , Србија и Црна Гора
Кога:
2004-2006
Обем:
Голем
Микро - < $15,000
Мал- $15,00-$100,000 Среден- $100,000-$500,000 Голем- $500,000-$1 милион Многу голем - >$1 милион

Партнери:
Ќе бидат објавени

Финансирано од:
Министерство за меѓународен развој на Велика Британија


Краток опис на проектот :
Овој 24-месечен проект има за цел да им помогне на ромските заедници да ги надминат диксриминацијата , маргинализацијата и непочитувањето на нивните права преку процес на медиумско образование и оспособување , како и преку зголемен обем на правично претставување на ромските гласови во медиумите . Целна група на проектот се новинарите Роми кои работат во специјализираните медиуми на ромски јазик како и во останатите медиуми , не - ромските новинари и медиумски куќи , ромските невладини организации и лидери на заедниците . Активностите се сконцентрирани врз зголемување на капацитетите на НВО и лидерите на заедниците , професионален развој на новинарите Роми , градење на мостови помеѓу ромските и не - ромските новинари и медиумски куќи и помеѓу ромските заедници и медиумите кои треба да ги претставуваат , како и производство на високо квалитетни вести и културни репортажи за Ромите наменети за објавување во печатот и електронските медиуми .


Цели на проектот :
Ромските НВО и групи на граѓани да можат подобро да ги користат доминантните (“ мејнстрим ”) медиуми и специјализираните медиуми за да ги информираат Ромите за нивните човекови права и како да ги обезбедат тие права , и да £ презентираат поправедна и избалансирана слика за ромската култура и живот на мнозинската популација како начин за надминување на недовербата и сегрегацијата ;
Новинарите Роми да бидат подобро оспособени да известуваат за ромските прашања – особено за теми поврзани со човековите права – како за специјализираните медиуми ( кои на ромските заедници им обезбедуват информации за нивните права и форум за дискусија ) така и за доминантните медиуми ( кои ја информираат јавноста за проблемите на Ромите и поттикнуваат решавање на тие прашања како начин да се поддржи развојот на стабилни и просперитетни општества );
Доминантните медиуми да бидат поподготвени да обезбедат поблагонаклоно и избалансирано известување за Ромите , ромските прашања и култура , со цел да се помогне во надминувањето на широко распространетата недоверба и антипатија кон Ромите .


Корисници на проектот :
Директни корисници:
Групи на граѓани Роми кои ќе бидат оспособени да ја пренесат нивната порака до јавноста ;
Новинари Роми кои ќе добијат (1) професионална обука , (2) можност да продуцираат и дистрибуираат репортажи за теми кои се битни за заедниците кои тие ги претставуваат и (3) контакти со други новинари Роми , претставници на ромската заедница и доминантните медиуми ;
Не - Ромски новинари кои сакаат да научат професионални техники на известување за ромските прашања / прашања поврзани со различностите / човековите права и кои ќе имаат поголемо чувство за опфаќање на сите аспекти на различноста .
Индиректни корисници:
Ромските заедници кои (1) ќе добијат информации кои се нивните права и како да ги обезбедат тие права , како и охрабрувачкото сознание дека не се сами во нивната борба за подобар живот и (2) ќе добијат можност да се чуе нивниот глас како во специјализираните ромски медиуми така и доминантните медиуми .

Проектни активности :
Активностите се фокусирани врз зајакнување на капацитетот на НВО и лидерите на заедниците , професионален развој на новинарите Роми , градење на мостови помеѓу ромските и не - ромските новинари и медиумски куќи како и помеѓу ромските заедници и медиумите што треба да ги претставуваат , и производство на високо квалитетни вести и културни прилози за Ромите наменети за објавување во печатените и електронските медиуми :
1. Превод на албански и македонски јазик на прирачникот на МДИ , “ Прирачник за односи со медиумите на ромски јазик ” , што се покажа како доста ефикасна алатка за планирање на медиумските стратегии на ромските НВО ;
2.

Работилници за вештини на комуникација со медиумите : во секоја работилница ќе учествуваат по 15 учесници од ромските НВО , со што ќе обезбедат теоретска и практична обука со цел НВО да можат појасно и поефикасно да ја пренесат нивната порака ;

3.

Консултант за електронски медиуми : многу медиуми на ромски јазик работат во регионот со извесен успех , но и понатаму постои потреба за зголемување на нивниот професионален капацитет за тие и понатаму да обезбедуваат услуги за ромските заедници на подолг рок . Експертот за електронски медиуми ќе спроведе консалтинг програми во најмногу 10 медиумски организации , во период од пет месеци . Тој ќе работи во самите медиумски куќи , со дополнителна поддршка преку телефон и електронска пошта , соработувајќи со медиумските организации на пронаоѓање на решенија за проблемите кои тие ги утврдиле .

4.

Проекти за тимско известување : осумчлени новинарски тимови ( составени од Роми и не - Роми ) ќе работат по 10 дена врз продукција на радио прилози посветени на ромски прашања од регионот . Целта е да се одговори на големата потреба за квалитетни вести и програми посветени на тековни ромски прашања , наменети за не - ромска публика .

5.

Програма за известување за различностите од страна на новинските агенции новинари од новинските агенции од регионот ќе посетуваат работилница за обука , после која ќе истражуваат и подготват текстови и прилози посветени на ромски прашања . Текстовите ќе се маркетираат и дистрибуираат ширум регионот , со намера да се постигне што поширока циркулација . Целта е да се одговори на силната потреба за квалитетни печатени репортажи и статии кои ќе ги проучуваат ромските права и култура , наменети како за ромската публика така и ( првенствено ) за пошироката јавност со цел да се постигне поголемо разбирањето и толеранција за ромските заедници .


back
up
ПРОГРАМИ

МРЕЖА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАЗЛИЧНОСТИТЕ

КОНТАКТ